Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

За секое лице е исплатено 150.000,00 денари – Црвениот крст изврши исплата на средства на семејствата на починатите и повредените лица

Соопштение на Црвен крст:

Ве информираме дека денес Црвениот крст изврши исплата на средства на семејствата на починатите и повредените лица кои се лекуваат во странство од трагичната несреќа во Кочани.
Со исплатата вкупно се опфатени 58 семејства од починатите лица вклучувајќи го и починатиот возач на Брзата помош во Кочани, и 91 семејство од повредените лица кои се хоспитализирани во болниците надвор од нашата држава.

За секое лице е исплатено 150.000,00 денари.

За две семејства од починатите лица и 24 семејства од повредените лица кои се лекуваат во странство се чекаат дополнителни податоци за да може да се изврши исплатата и за нив. Во тек е прибирање на податоци за повредените кои се лекуваат во државата.

Заклучно со денешниот ден собрани се вкупно 61.852.758,00 денари.

Можеби ќе ве интересира

Граѓаните на Илинден активно вклучени во креирањето на Буџетот за 2027 година

ДЕСК

МОН: Продолжува програмата „Суперучилишта“, средношколците од Македонија се поврзуваат со врсниците од регионот

ДЕСК

Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум

ДЕСК