Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Не запираат ужасите: Две деца удрени на “Партизанска”

Денеска попладне на Партизанска кај Тафталиџе 2 удрени од автомобил се две деца.

Денеска (24.03.2025) полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода М.Р.(26) од Скопје затоа што околу 13.50 часот на бул. “Партизански одреди” во Скопје со патничко возило “ауди” со скопски регистерски ознаки, удрил во малолетен пешак и малолетник кој туркал велосипед. Двајцата малолетници со Итна медицинска помош се пренесени во клинички центар “Мајка Тереза” во Скопје за укажување лекарска помош. Извршен е увид од СВР Скопје и надлежен обвинител. По документирање на случајот, ќе биде поднесена кривична пријава по итна постапка.

Можеби ќе ве интересира

СЕ КРЧКА НЕВРЕМЕ ВО АТМОСФЕРАТА: Пороен дожд, ветер и град можни во следните денови

ДЕСК

Пукање во скопско Шишево, еден повреден

ДЕСК

АРАМИСКА СТОРИЈА ВО ЦЕНТАР: Клиент без пари го нападнал доставувачот и ги зел производите

ДЕСК