Centar.mk
фото Centar.mk (c)
БИЗНИС

Нацијата живее во сиромаштија: Секој четврти Македонец спаѓа во категоријата на сиромашни граѓани

Врз основа на податоците од Анкетата за приходите и условите за живеење, која се спроведува во согласност со препораките на Европската Унија, Државниот завод за статистика ги пресмета лаекенските индикатори за сиромаштијата за 2022 година. Основа за пресметките на сиромаштијата се приходите, а прагот на сиромаштијата е дефиниран на 60 % од медијалниот еквивалентен приход.

Во 2022 година, стапката на сиромашни лица во Република Северна Македонија била 22.9 %.

Анализирано по типови домаќинства, стапката на сиромаштија на домаќинствата составени од двајца возрасни со две издржувани деца во 2022 година е 27.2 %. Според најфреквентниот статус на економската активност, стапката на сиромашни вработени лица е 8.9 %, додека стапката на сиромашни пензионери е 9.9 %. Коефициентот на Џини (мерка за нееднаквоста во распределбата на приходите) е 29.8 %, извести ДЗС.

Можеби ќе ве интересира

ПОСЛЕДНИОТ МАЈСТОР ВО МААЛОТО ЗАМИНУВА ВО ПЕНЗИЈА – Кој ќе ги поправа работите кога ќе исчезнат занаетите?

ДЕСК

„Роденденската џунгломанија“ донесе два дена забава и семејни моменти во East Gate Mall

ДЕСК

Денеска реализирани 750 исплати во „АЛТА банка“ АД Битола во Битола, Струмица и Тетово – овозможени и уплати за комуналии и отплата на кредити

ДЕСК