Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Лишени од слобода 17 лица затоа што пуштале музика и не ја почитувале одлуката на Владата за седумдневна жалост

На 22/23.03.2025 на подрачјето на Скопје, Прилеп, Охрид и Куманово од страна на полициски службеници од слобода биле лишени вкупно 17 лица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по член 387 од Кривичниот законик односно поради непочитување на одлуката на Владата за седумдневна жалост.

Притоа, на подрачјето на Скопје, приведено е едно малолетно лице, како и управител на угостителски објект, на подрачјето на Прилеп се приведени 12 лица, од кои едно е малолетно. Во Кичево е приведено едно лице – сопственик на угостителски објект, додека пак во Куманово се приведени две лица – менаџер и управител на угостителски објект.

По целосно документирање на случаите, против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Можеби ќе ве интересира

Николоски пред Комората на вештаци: Зад секоја професионална судска одлука, стои стручното знаење на вештаците, потребата од професијата расте

ДЕСК

Цветков до Штериев: Проверивте ли дали НБРМ смее да ги продава акциите на Алта банка?

ДЕСК

Мицевски: Опозицијата и на вториот ден од надзорната расправа за Алта банка шири паника

ДЕСК