Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Приведени тројца дилери од Валандово и Богданци, пронајдена дрога

СВР Струмица-ОВР Гевгелија, до Основното јавно обвинителство Гевгелија, поднесе кривична пријава против лице(30) од село Стојаково, општина Богданци, лице(39) од Валандово и лице(31) од село Стојаково поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ по член 215 од Кривичниот законик.

На 18.03.2025 околу 18.00 часот во Стар Дојран, полициски службеници од СВР Струмица и ОВР Гевгелија во близина на пријавените П.П.Г. и П.Р. пронашле торба во која имало две ќеси со марихуана со вкупна тежина од 2 килограми и 876 грама, како и пакување со бела грутчеста материја. Подоцна, по преземени мерки, во атар на Богданци била пронајдена и марихуана со маса од 478 грама, која, исто така, П.П.Г. ја подготвил за продажба. На 19.03.2025 во 03.30 часот од слобода бил лишен и пријавениот В.Ќ., кој посредувал при продажба и транспорт на дрогата, а било пронајдено и возилото со кое се превезувале лицата и во кое била транспортирана марихуаната.

Врз основа на судски наредби биле извршени претреси во домови и други простории кои ги користат пријавените, од кои три во село Стојаково, два во Гевгелија и еден во Валандово. При претресите биле пронајдени и пакување со грутчеста материја, предмети со остатоци од бела прашкаста материја, дробилка, пиротехнички средства и други предмети за кои постои сомнение дека се поврзани со кривичното дело.

Лицата биле изведени пред судија од Основен суд Гевгелија, кој им определил мерка притвор во траење од по 30 дена.

Можеби ќе ве интересира

СЛЕДУВААТ ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ И ГРМЕЖИ: Метеоцентар со детална прогноза која открива кога да очекуваме стабилизација и сончево време

ДЕСК

Нов ужас во Македонија: Ја грабнал од дворот и со ауди ја однел во напуштен објект каде ја тепал, па ја силувал додека била во бесознание

ДЕСК

Што значи дожд на Митровден: Каква година најавува овој ден?

ДЕСК

Нашиот веб сајт користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот. Прифати Прочитај повеќе

Privacy & Cookies Policy
error: Соддржината е заштитена.