Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Граѓани од цела држава пристигнуваат на погребот во Кочани, луѓето со порака: „Се збогуваме со нашата иднина“

Поворката од роднини, пријатели, граѓани и погребалните возила полека се приближуваат кон градските гробишта.

Луѓето пристигнуваат во групи. Приоѓаат полека, во тишина, бришејќи ги солзите од нивните лица. Голем број млади носат црни маици со натпис: „Почивајте во мир ангели наши“. Ретко кој е без солзи во очите.

Има и голем број лекари и медицински техничари за да помогнат.

„Се збогуваме со нашата иднина“, велат жителите.

Граѓани од цела држава доаѓаат во Кочани за да се простат од прерано изгубените млади животи./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Времето се влошува: Од вторник обилни врнежи и засилен ветер – Синоптичарите ја објавија најновата повеќедневна прогноза

ДЕСК

Верувал дека ќе си врати 40.000 евра, но останал и без уште 3.500!

ДЕСК

Среде бел ден девојка ограбена во Скопје – арамијата употребил физичка сила на автобуска постојка

ДЕСК