Centar.mk
фото Министерство за здравство
МАКЕДОНИЈА

Таравари: Денеска е последниот транспорт на повредени во странство, во релативно стабилна состојба се повредените лица и нема починати

Министерот за здравство, д-р Арбен Таравари во денешната изјава за медиумите истакна дека нема ниеден починат од повредените лица во пожарот во Кочани. Од вкупно 178 повредени пациенти, 64 се третираат во јавните здравствени установи во државата, 13 пациенти во приватните, а 101 пациент се третираат во странски медицински центри.

• Пациентите се во релативно стабилна состојба. Јас лично вчера заедно со министерот за надворешни работи ги посетив повредените кои се хоспитализирани во болниците во Солун и Софија, разговарав и со родителите, и тие се задоволни од третманот. Од пациентите хоспитализирани во Софија веќе две лица се екстубирани, а денеска се очекува уште двајца да бидат екстубирани, изјави министерот Таравари.

Воедно, министерот истакна дека за денеска е организиран последниот транспорт на повредени лица во странство.

• Сакам да информирам дека од денеска се очекува хируршките клиники да продолжат да функционираат, не со полн капацитет туку со тие што се онколошки пациенти, а веќе од утре би требало и сите останати клиники да работат со планираните програми, рече министерот.

Во моментот во Клинички центар има 35 пациенти, од кои на КАРИЛ се сместени 6 повредени лица (од кои еден е за транспорт), на детска хирургија 4, на пластична хирургија 6 пациенти, трауматологија двајца пациенти, торакална и васкуларна хирургија 4 пациенти, токсикологија 10, пулмологија 2, офталмологија 1 пациент. Во ГОБ „8 Септември“ се сместени 15 пациенти (од кои двајца денеска ќе бидат транспортирани за Шведска), во Стара градска болница се 11 пациенти, а во Клиничка болница Штип 3 пациенти од кои двајца денеска се пуштаат на домашно лекување.

Можеби ќе ве интересира

АРАМИСКА СТОРИЈА ВО ЦЕНТАР: Клиент без пари го нападнал доставувачот и ги зел производите

ДЕСК

НЕСРЕЌА НА УЛИЦА „ИЛИНДЕНСКА“: Малолетник со електричен тротинет удрил во триесет и двегодишна жена

ДЕСК

Филипче: На Самитот во Тиват ЕУ испрати порака дека вратите се отворени, не смееме да ја пропуштиме шансата

ДЕСК