Centar.mk
фото МВР/скриншот
МАКЕДОНИЈА

Паднаа први разрешувања на актуелни, но само локални функционери во полицијата

Според неофицијални информации Министерот за внатрешни работи разрешил повеќемина локални функционери во полицијата.

Разрешени се: Началникот на Секторот за внатрешни работи Штип, Помошник-началникот на СВР Штип, Началникот на Одделението за полиција Штип, Началникот на Одделението за криминалистичка полиција Штип, Началникот на Одделението за внатрешни работи Кочани, Командирот на Полициската станица од општа надлежност Кочани, Началникот на Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани.

Со оглед дека министерот за внатрешни работи попладнево во 15 часот и 30 минути ќе оддржи прес конференција во зградата на МВР се очекува да бидат познати повеќе детали околу најновите случувања со настаните во Кочани, каде загинаа 59 млади лица, а повредени се над 160 во историски најголемата трагедија.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: И Црна Гора ѝ ја одзеде дозволата за работа на Alta Pay Group, само кај нас Мицкоски и Славески убедуваат дека сè е во ред

ДЕСК

Манасиевски: Брвеница заслужува проекти, а не поделби: Волјата на граѓаните ја почитуваме, поддршката од Владата продолжува

ДЕСК

НЕОФИЦИЈАЛНО: АРКИН ЈАХИЈИ ПОБЕДИ ВО БРВЕНИЦА – Тесна разлика во вториот круг од изборите

ДЕСК