Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

ВЕЧЕРТА ИМАЛО ПОЛИЦИСКА КОНТРОЛА ВО КЛУБОТ, ИМАЛО ПОЛИЦАЈЦИ БЛИСКУ ВРАТАТА КОИ СЕ СПАСИЛЕ – Нови информации за тоа што се случувало во последните минути од трагедијата во која загинаа 59 деца и млади

Министерот за внатрешни работи повтрди дека вечерта за време на несреќата имало полициска контрола. Полицајците влегле неколку минути пред трагичниот настан.

– Да, вечерта е вршена контрола согласно акциски план полициските службеници кои што влегле да вршат контрола во делот на недозволена трговија со дрога и присуство на малолетници во локалот влегле неколку минути пред да настане оваа ужасна трагедија, односно пред да започне пожарот. И полицискиот службеник кој што беше обвинет практично дека требало да го прекине настанот е оној кој што полициски службеник влегувал и излегувал во објектот, односно загинал затоа што се обидувал цело време да помогне на лицата кои што биле во објектот, да ги изнесе. Другите полициски службеници кои што во тој момент вршеле контрола биле блиску до излезот и истите по настанување на пожарот, при констатирање во целиот овој хаос за среќа преживеале, соопшти Тошковски.

Можеби ќе ве интересира

МАКЕДОНЦИТЕ СÈ ПОТЕШКО ГО ПОЛНАТ ФРИЖИДЕРОТ: Сметката расте, кесите се сè попразни

ДЕСК

ГРАДОТ ЗА 10 МИНУТИ МОЖЕ ДА НАПРАВИ ШТЕТА ОД 1.000 ЕВРА: Дали луѓето се подготвени?

ДЕСК

ПОЛИЦИЈАТА РАСЧИСТУВА ТЕЖОК СЛУЧАЈ: Новородено бебе било дадено на незаконско посвојување за пари и бенефиции

ДЕСК