18. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Tаравари: Сите пациенти од Штип и Кочани се донесени во Скопје и се во стабилна состојба, 51 пациент се третираат во странски медицински центри

Министерот за здравство, д-р Арбен Таравари во денешната изјава за медиумите истакна дека сите пациенти повредени во вчерашниот пожар од болниците во Кочани и Штип се пренесени во Скопје и се во стабилна состојба. Во Клинички центар моментално има 49 пациенти, а во ГОБ „8 Септември“ 18 пациенти, во Стара Градска болница 17.
-Денеска се јавија и двајца нови пациенти во Штип кои досега не беа третирани. Апелирам сите лица кои биле присутни на настанот во Кочани, дури и ако немаат симптоми да контактираат со своите матични лекари. Во координација со Клиниката за психијатрија ќе формираме тимови од психијатри и психолози кои ќе бидат на располагање за психолошка поддршка на семејствата и пациентите, изјави министерот.

Во однос на пациентите кои се упатени во странство, 51 пациент се веќе испратени надвор од државата, од кои 9 пациенти се во Турција (3 во Истанбул и 6 во Анкара), Бугарија 14 пациенти од кои 8 пациенти во Софија, 5 пациенти во Солун, 17 пациенти во Србија, како и 2 лица во Будимпешта и 4 лица во Романија.

-Очекуваме во текот на денешниот ден уште две лица да бидат упатени во Словенија, 4 лица во Хрватска и 6 лица во Австрија. Во моментот 20 лица се во критична состојба, посочи министерот Таравари.

Министерството за здравство останува во постојана комуникација со сите надлежни институции и меѓународни партнери за натамошна координација и поддршка.

Можеби ќе ве интересира

ДИК поништи цела советничка листа на партија номинирана за Град Скопје поради починато лице

ДЕСК

Претрес во село во општина Чашка поради сомнение за поткуп при избори

ДЕСК

ЌЕ СЕ ПЕЧАТАТ НОВИ ЛИВЧИЊА: Погрешно распоредени бројчина на гласачките ливчиња во Ново Село привремено го стопираа гласањето

ДЕСК