Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Пиротехника се користи во дискотеки и на свадба, дали МВР врши контроли, како што е пропишано во законот?

Согласно законот, за употреба на пиротехнички средства во затворен простор потребно е одобрение од МВР и потребна е нивна набавка од правни објекти кои имаат лиценца за промет со експлозивни средства.

Сепак, пиротехнички средства, какви што синоќа предизвикаа трагедија во дискотека во Кочани, се користат редовно во затворен простор низ цела држава.

Компаниите со лиценци за продажба на експлозивни средства треба да поминат детални безбедносни проверки од Агенцијата за национална безбедност, се обучуваат како пиротехничари и вршат проценка на ризик пред секоја употреба.

Граѓаните на социјалните мрежи реагираат и прашуваат кој дозволил користење на пиротехнички средства во дискотеката и дали организаторите побарале дозвола за нивна употреба, но и дали МВР извршило контрола и знаело какви средства се користат во клубот.

Министерството за внатрешни работи треба да врши надзор над употребата на пиротехнички средства. Тие издаваат одобренија и обезбедуваат усогласеност преку инспекции. Доколку се утврдат прекршувања – како што се немање одобрение, необучен персонал или небезбедни услови – Министерството може да нареди корективни активности, да забрани употреба на пиротехнички средства или да забрани понатамошно ракување од неквалификувани поединци.

Под истрага треба да биде ноќниот клуб, одговорниот за ракување со пиротехниката, но и самото Министерство за внатрешни работи.

Можеби ќе ве интересира

Лажни дојави за бомби во училишта во Скопје и Тетово

C +

МНР со апел: македонските државјани кои се наоѓаат на територијата на Мексико да го напуштат во првата безбедна прилика

C +

Речиси 5.000 прекршоци регистрирани со „Безбеден град“ за една недела, најмногу за брзо возење

C +