Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Ова е еден од најтажните денови за Македонија, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Со длабока тага и неизмерна болка ја примивме веста за страшната трагедија во Кочани, во која згаснаа многу млади животи. Ова е еден од најтажните денови за Македонија, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Во овие моменти на голема загуба, мислите и молитвите на целото членство на ВМРО-ДПМНЕ се со семејствата на загинатите, со нивните најблиски и со сите погодени од оваа катастрофа. Ова е време кога Македонија мора да биде обединета во сочувство, солидарност и хуманост. Ги повикуваме сите надлежни институции да дејствуваат брзо и ефикасно, да обезбедат целосна помош за сите настрадани и да ги утврдат причините за оваа трагедија. Губењето на човечки животи никогаш не смее да остане без одговори и одговорност. Бог да биде со семејствата на жртвите, со повредените и со целиот македонски народ“, пишува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ/Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Маж од Кичево возел иако имал забрана за управување возило и удрил во малолетник, лишен е од слобода, возилото е одземено

ДЕСК

ПОЛИЦИЈАТА “УПАДНА” ВО НОЌНИ КЛУБОВИ ВО ОХРИД И СКОПЈЕ: Полицајците тресеа познати локали – констатирано дека клубови точеле алкохол, а обложувалница примало малолетници

ДЕСК

Лишени од слобода 13 возачи за безобѕирно управување возило, од нив шестмина возеле без возачка дозвола

ДЕСК