Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Фон дер Лајен изразува сочувство до семејствата на жртвите од пожарот во Кочани

Претседателката на Европската комисија (ЕК) Урсула фон дер Лајен го изрази своето жалење за трагичниот пожар во градот Кочани во Република Северна Македонија, во кој загинаа 59 лица, а 155 беа повредени и хоспитализирани во различни здравствени установи низ земјата.

Фон дер Лајен во својата Х порака изрази сочувство до семејствата на загинатите во пожарот во Кочани.

„Тажна сум поради трагичната загуба на животи во пожарот во Кочани. Моето најдлабоко сочувство до семејствата на жртвите и сите оние кои се погодени од ова“, напиша Фон дер Лајен, велејќи дека ЕУ стои во солидарност со народот на Северна Македонија во ова тешко време.

Можеби ќе ве интересира

УТРЕ Е НАЈТАЖНИОТ ДЕН ВО ХРИСТИЈАНСТВОТО! Го славиме Велики петок – денот на страдањето на Исус Христос!

ДЕСК

ТЕМПЕРАТУРИТЕ ПАЃААТ ПО НУЛАТА, НАУТРО ЌЕ ИМА МРАЗ: Метеоролозите со четиридневна прогноза – лоши вести за времето

ДЕСК

Масовна тепачка на крстосница близу Кичево: Се удирале со дрвени предмети и ножеви, има повредени

ДЕСК