Centar.mk
фото скриншот/МВР
МАКЕДОНИЈА

Полицијата почна да приведува заради возење под дејство на алкохол, 21 годишник заврши во станица поради 1.7 промили алкохол, ќе одговара по член од кривичниот законик за безобзирно управување

Приведено лице од Пробиштип поради управување возило под дејство на алкохол.

МВР соопшти дека утрово во 01.55 часот на магистаралниот пат Штип – Кочани, кај селото Долни Балван, општина Карбинци, полициски службеници лишиле од слобода лице(21) од Пробиштип.

При контрола во патниот сообраќај, според МВР, полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген пасат“ со пробиштипски регистарски ознаки, кое го управувал, и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,70 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297 – а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило.

Можеби ќе ве интересира

СИЛЕН ВЕТЕР НАД 80 КМ/Ч, ПА ДОЖД И ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО – Еве што ја очекува Македонија во следните денови

ДЕСК

Николоски од Охрид: Силна држава не значи само силна извршна власт, значи и силни и независни институции

ДЕСК

ДОМ: Македонија е на европското дно – Владата се фали со бројки, а платите на граѓаните траат до 10-ти!

ДЕСК