17. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Филипче: Мицкоски со партиски протести сака да се бори против, наводно, паритизирано судство

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче рече дека заканите на премиерот, Христијан Мицкоски дека ќе се случел народ на судството е порака и признание дека Мицкоски сака судство само по своја мерка и дека не сака ниту подобро, ниту независно судство.

„На некој начин таа изјава е оксиморон, односно со партиски протести ќе се борат против, наводно, партизирано судство. Нема поголем доказ од тоа дека крајната цел е партизација“ заклучи Филипче.

Тој рече дека е недозволиво и недемократски гневот кој граѓаните го имаат кон судството поради недостатокот на реформи изминативе три децении, да се користи за судството да се присвои, како што се обидува да направи ВМРО-ДПМНЕ.

„Се поставува прашањето дали ВМРО-ДПМНЕ сака да стави партиска капа врз судството за да заштити некои свои неправилности и криминали, кои секој ден ги откриваме“ рече Филипче.

Можеби ќе ве интересира

Малолетник претепан во Куманово

ДЕСК

Крвава масовна тепачка го потресе Скопје синоќа меѓу десетина граѓани – со болнички пренесени повеќемина тешко повредени, има уапсени

ДЕСК

Ограбен сеф од локал во Скопје – полицијата во потрага

ДЕСК