Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Таравари потпиша Меморандум за соработка со Словачка: нова ера на телемедицината и е-здравството во Северна Македонија

Со цел модернизација на здравствениот систем, министерот Арбен Таравари, потпиша Меморандум за соработка со Министерството за здравство на Република Словачка, со акцент на електронското здравство и телемедицината – две клучни области за иднината на здравствените услуги.

Министрите Арбен Таравари и Камил Шашко, во Братислава потпишаа договор, со кој се зајакнува билатералната соработка во медицинските иновации, размена на експертиза и обука на здравствени работници. Меморандумот е со цел модернизирање на дигиталната здравствена инфраструктура, олеснување на медицинските консултации од далечина и подобрување на пристапот на пациентите до медицинските услуги.

-Ова е голем чекор кон попристапен и поефикасен здравствен систем. Партнерството со Словачка ќе ни помогне да имаме корист од нивното искуство и напредната технологија во е-здравството и телемедицината, истакна министерот Таравари по церемонијата на потпишување.

Оваа соработка ги отвора вратите за конкретни проекти, кои ќе донесат иновативни технологии во здравството, подобрување на грижата за пациентите и подготовка на здравствените работници за предизвиците на дигиталната ера.

Можеби ќе ве интересира

ЕЛЕКТРОНСКИ АЛКИ ЗА НАСИЛНИЦИТЕ – Нов закон треба да овозможи жртвите да бидат предупредени за опасност

ДЕСК

Згасна животот на маж во Поликлиниката Бит Пазар, телото испратено на обдукција

ДЕСК

НОЌНА ДРАМА НА БИТ ПАЗАР – Пламен зафатил „ауди“, сопственикот и соседите го изгаснале пожарот

ДЕСК