Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски од Ѓорче Петров: Продолжуваме со реализација на инфраструктурни проекти

„Добар ден и од мене. Би сакал да ги поздравам претставниците на медиумите, да се заблагодарам што цело време сте со нас, што нè следите, што не пратите додека Македонија се гради, и тоа е добро. Добро е бидејќи 7 години Македонија се разградуваше и се уништуваше, се понижуваше, омаловажуваше. Нешто што сега е поинакво, и тоа е добро.

Јас немам што да додадам на тоа што претходните говорници го кажаа, само да им честитам на луѓето коишто ќе го користат овој проект. Да му честитам на градоначалникот, на членовите на Владата, на министрите, на советниците, на пратениците, на луѓето коишто се од овој дел на општина Ѓорче Петров.

И да посакам нормално како што е редот уште,многу вакви проекти коишто ќе значат поквалитетен, поубав живот за граѓаните насекаде, на целата територија на државата. Така што еве уште еднаш, со среќа нека е и побргу да го реализираме и да го користиме овој проект. Ви благодарам.“

Можеби ќе ве интересира

Бислимоски го информирал Собранието за оставката, РКЕ му се заблагодарува за долгогодишната соработка

C +

СДСМ: Нападите врз предметите на СЈО се дел од операцијата за враќање на Никола Груевски

C +

Мицкоски: Владата проактивно работи на реновирање на туристички сместувачки капацитети, очекувам 2026 година да имаме раст на бројот на туристи

C +