Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Министерот Таравари го посети најмодерниот болнички центар во Словачка: Виртуелната медицина – иднината на здравството и во Северна Македонија!

Министерот за здравство, Арбен Таравари, за време на својата официјална посета на Словачка, ја посети болницата „Бори“, најголема и најмодерна во оваа земја, каде што се запозна со најновите иновации во медицината, вклучувајќи и виртуелна медицина – револуционерна технологија која планира да ја воведе и во нашите болници.
-Во Братислава ја посетив болницата „Бори“, каде што одблизу видов како виртуелната медицина го трансформира здравствениот систем. Овој иновативен пристап мора да стане реалност и во Северна Македонија за да го подобриме квалитетот и ефикасноста на нашите здравствени услуги, изјави министерот Таравари.

Во рамки на посетата, тој ја истакна важноста на соработката со словачките институции и потврди дека меморандумот за соработка меѓу Министерството за здравство на Северна Македонија и Министерството за здравство на Словачка ќе овозможи имплементација на најдобрите искуства и практики во нашите болници.

Можеби ќе ве интересира

Невреме во делови од Македонија – еве каде е најкритично

ДЕСК

Ноќен инцидент во Аеродром: Пет лица приведени по агресивно однесување кон полицајци

ДЕСК

Трагичен крај на потрагата: Исчезнат скопјанец пронајден починат на Средно Водно

ДЕСК