Centar.mk
МЕТЕОCENTARМАКЕДОНИЈА

Драстични промени на времето, утре над 29 степени, а од вторник максимални 10°C – Метеоцентар со детална прогноза за НЕВРЕМЕТО и СТУДОТ што доаѓаат над Македонија

Утре ќе се задржи топло време со засилен јужен ветер (над 60 km/h). Во недела локално, а во понеделник на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, краткотрајно во форма на невреме. Во вторник ќе има опаѓање на температурата и се очекуваат локални врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места од снег. Потоа следува период на стабилно време со ниски утрински температури.

Прогноза за 16.03.2025
Минимална температура: 3°C до 9°C
Максимална температура: 17°C до 25°C

Променливо облачно и нестабилно со локални врнежи од дожд и грмежи, краткотрајно во форма на невреме. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од западен правец.

Прогноза за 17.03.2025
Минимална температура: 2°C до 8°C
Максимална температура: 14°C до 21°C

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец.

Прогноза за 18.03.2025
Минимална температура: 0°C до 6°C
Максимална температура: 2°C до 10°C

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, на планините и на повисоките места со повремен снег. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од северен правец.

Можеби ќе ве интересира

Власта да покаже конструктивност заради работниците, да го поддржи Законот за 600 евра плата, велат од СДСМ

C +

СДСМ е за целосна интеграција во ЕУ, БРИКС и изолација не се опција

C +

(Видео) Не гледам потреба за одржување на предвремени парламентарни избори, вели премиерот Мицкоски

C +