Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: ДПМНЕ да одговори кој од Белата палата се јави за да има куќен притвор за Асмир Пуцко Петрол?

-ДПМНЕ наместо да си ја ишка мувата на капата треба да одговори дали откако бил поднесен предлог за притвор по интервенција од Белата палата следувало препавање на решението во куќен притвор? – прашуваат од СДСМ.

„Зошто надлежните судови досега не го преиначиле ова решение за куќен притвор иако имаат надлежност за тоа?

Или ДПМНЕ е над сите закони и судови и што ќе каже Белата палата тоа е?

Јасно е зошто има само куќен притвор за осомничениот Асмир Јахоски, од Пуцко Петрол.

Старо-новата коалиција на ДПМНЕ и ДУИ очигледно си функционира одлично.

Коалицијата ДУИ и ДПМНЕ го пушти и Артан Груби да избега преку граница и да биде недостапен за правдата. Поминаа цели 3 месеци власта не презема ништо да го врати.

Кога Бојан Стојановски ќе држи прес конференции следен пат нека одговори што и должи ДПМНЕ на ДУИ. За колкави провизии станува збор?“ – се вели во соопштението на СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК

Димитријевиќ: Криминални тендери и дрога од 5 тони, Македонија како мафијашки филм

ДЕСК

Мицкоски: Повеќе од 50 предмети за висока корупција кои со години биле затскриени се во постапка, ова е само почеток, украденото мора да се врати кај народот

ДЕСК