Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Приведено лице во штипско, управувал возило со 151 км/h на место каде е дозволено 80 km/h

На 10.03.2025 во 15.30 часот на експресен пат Штип – Кочани, кај село Крупиште, општина Карбинци, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Штип го лишиле од слобода А.М.(26) од Скопје, со живеалиште во Кочани. При контрола во патниот сообраќај со уред за мерење брзина – радар надвор од населено место, било измерено дека тој управува патничко возило „фолксваген пасат“ со кочански регистарски ознаки со брзина од 151 километри на час на место каде што брзината е ограничена на 80 километри на час.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297 – а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Можеби ќе ве интересира

За осум часа денеска санкционирани 116 мотоциклисти во Скопје, одземени три мотоцикли

ДЕСК

Четврток носи најголема опасност: Невреме со пороен дожд, силен ветер и можен град

ДЕСК

Од Стајковци до болница: Напад со тврд предмет прераснал во пресметка меѓу две групи

ДЕСК