Centar.mk
пороен дожд / фото Centar.mk
МЕТЕОМАКЕДОНИЈА

Од утре поројни дождови, грмежи, но и невообичаено високи температури до 26°C – Метеоцентар со детална прогноза

До сабота ќе се задржи топло време со дневни температури кои на повеќе места ќе бидат над 20 степени и ќе дува засилен јужен ветер (над 60 km/h).

Утре од попладневните часови до четврток претпладне ќе има локални врнежи од дожд, наместа поројни, проследени со појава на грмежи, особено во ноќните часови кон четврток. Преодно стабилизирање на времето ќе има во петок и сабота, а во недела повторно на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.

Прогноза за 12.03.2025
Минимална температура: 3°C до 9°C
Максимална температура: 17°C до 23°C

Променливо облачно, кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има локален пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h).

Прогноза за 13.03.2025
Минимална температура: 5°C до 11°C
Максимална температура: 18°C до 24°C

Претпладне променливо облачно со локален пороен дожд и појава на грмежи. Попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од југозападен правец (над 60 km/h).

Прогноза за 14.03.2025
Минимална температура: 2°C до 8°C
Максимална температура: 19°C до 26°C

Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h).

Можеби ќе ве интересира

Пожар кај Струга: Запалена сува трева покрај пат – лице повикано на разговор

ДЕСК

Шок во Карпош: Девојка нападната од повеќе лица со тврд предмет – голема женска пресметка во главниот град

ДЕСК

Инцидент во Скопје: Малолетник ограбен од две лица

ДЕСК