Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Наместо решение за поголеми плати ДПМНЕ тера валкана кампања против синдикатот

Реакција на СДСМ:

ВМРО-ДПМНЕ нема пари за работниците, но има пари за папаја, манго и лосос, за приватни авиони и непродуктивни трошења. Наместо да ја зголеми минималната плата, Владата избира да манипулира – да го оцрнува синдикатот и да измислува лаги за политички координации со СДСМ, само за да избегне одговорност.

Наместо решение за работниците, ВМРО-ДПМНЕ води валкана кампања против синдикатите, обидувајќи се да го сврти вниманието од вистинскиот проблем – ниските плати и галопирачките трошоци за живот.

Оваа влада нема допир со реалноста. Додека граѓаните се борат со сметки и мизерни плати, тие продолжуваат да штитат интереси на богатите, оставајќи ги работниците на работ на егзистенција.

Колку и да се трудат да ја свртат приказната, вистината е јасна – ВМРО-ДПМНЕ не сака да ја зголеми минималната плата и затоа ја оцрнува секоја синдикална борба.

Можеби ќе ве интересира

Одржани серија работилници за изработка на Националниот инвентар на јавни згради, „скенирани“ 2000 јавни објекти

ДЕСК

СДСМ: До кога граѓаните ќе чекаат Мицкоски и Филков да пратат документи за екстрадиција на Груевски?

ДЕСК

Жените извршуваат над 76% од неплатената работа на грижа – Конференцијата за трансформација на грижата отвора национален дијалог за системите за грижа во Северна Македонија

ДЕСК