Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

МВР со детали за тешката сообраќајка во која загина 26 годишно момче

Како што соопшти полицијата вчера попладне, поточно во 13.45 часот во СВР Охрид било пријавено дека на регионалниот пат од Свети Наум кон Охрид, кај населбата „Рача“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу моторцикл „Кавасаки“ со охридски регистарски ознаки, управуван од Ј.Ц.(26) од Охрид и патничко возило „Мазда“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Д.Н.(76) од село Враништа, струшко, известува полицијата во својот дневен билтен

МВР уште информира дека во тешката несреќа починал мотоциклистот Ј.Ц. констатирано од страна на итната медицинска помош. Полицијата вели дека извршен е увид од надлежен Јавното Обвинителство и увидна екипа од СВР Охрид, а телото на починатиот било предадено на обдукција.

Можеби ќе ве интересира

221 ПРЕКРШОК ЗА САМО ПЕТ ЧАСА – Пешаците и возачите под засилена полициска контрола

ДЕСК

БЕЗ СТРУЈА ВО ПЕТОК ВО ПОВЕЌЕ ГРАДОВИ – Објавени улиците, населбите и часовите на прекините

ДЕСК

СИЛЕН ВЕТЕР НАД 80 КМ/Ч ВО ПЕТОК – УХМР предупредува, од сабота следува заладување

ДЕСК