Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

МВР излезе со детали: Познат идентитетот на загинатите во вчерашната сообраќајка, едниот автомобил бил целосно опожарен

Вчера во 13.15 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека на експресниот пат Штип – Кочани, на надвозникот кај село Тркање, кочанско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „Пежо 3008“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Б.М.(64) од Кочани и патничко возило „Фолксваген Ап“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.Д.(58) од Скопје, сопственост на правен субјект од Скопје, информираше полицијата.

МВР соопшти дека во несреќата на лице место починале возачите на двете возила, што било констатирано од страна на ИМП Кочани, а возилото „Фолксваген ап“ било целосно опожарено.

Извршен бил увид а по наредба на надлежен ЈО телата на починатите биле предадени на обдукција, информираат надлежните.

Можеби ќе ве интересира

ПАД НА ТЕМПЕРАТУРИТЕ: Дожд и невреме пред доаѓањето на студени утра

ДЕСК

Се степаа две жени во продавница во Скопје

ДЕСК

ИНЦИДЕНТ ВО КУМАНОВО: Влегле со сила и одзеле предмети, приведени од полицијата

ДЕСК