Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Страотна сообраќајка на патот Скопје – Средно Водно – три млади лица итно пренесени во болница

Денеска (07.03.2025) околу 01.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на локалниот пат Скопје-Средно Водно, патничко возило „бмв“ со албански национални ознаки, управувано од Х.И.Д.(22) од Република Турција, со привремен престој во Скопје, излетало надвор од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и сопатничката З.А.(19), а со телесни повреди се здобиле уште две сопатнички Е.А.(18) и А.И.(19), сите од Република Турција, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ и Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Можеби ќе ве интересира

ВЕТЕР НАД 80 КМ/Ч, ПА НАГЛО ЗАЛАДУВАЊЕ – УХМР со нова прогноза

ДЕСК

ДИПЛОМА ИМААТ, РАБОТА НЕМААТ – Над 1.000 магистри и 39 доктори на науки се невработени

ДЕСК

ГРАЃАНИТЕ ЈА САКААТ ЕУ, НО НЕ И УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ – Објавени нови анкетни резултати

ДЕСК