7. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Рокот за пријавување на зелени и одржливи проекти за конкурсот ,,{ЗАЕДНО} до зелени идеи“ на dm истекува на 21 март

Конкурсот за зелени и одржливи проекти кој го распиша dm дрогерие маркт е отворен за пријави, кои може да се испратат најдоцна до 21 март. Целта на конкурсот е да истакне, одбере и поддржи проекти кои имаат позитивен придонес за локалната заедница и животната средина, да имаат општествено корисна компонента и бизнис логика.
На конкурсот можат да се пријават сите здруженија, институции, единици на локална и регионална самоуправа како и непрофитни правни лица (здруженија и фондации) и други регистрирани непрофитни правни лица.

На конкурсот можат да бидат пријавени проекти во една од двете предвидени категории: заштита на животна средина и одржливост и образование.

Пријавата на конкурсот се врши преку онлајн-формулар кој е достапен и се пополнува преку интернет страницата www.dm-zaedno.mk. На истиот линк може да се погледнат условите за пријавување на конкурсот и да се добијат информации за потребната содржина на пријавата.

dm ќе обезбеди поддршка на избраните проекти преку финансирање на услуги, материјали и опрема за реализација на проектот или директна уплата на средства на сметката на носителот на проектот. Бројот на проекти избрани за реализација не е однапред дефиниран, а начинот на поддршка на избраните проекти ќе биде дополнително одбран од страна на распишувачот на конкурсот.

Побрзајте и пријавете го вашиот проект пред затворањето на конкурсот на 21 март. {ЗАЕДНО} до зелени идеи!

Можеби ќе ве интересира

Откако било пријавено дека на улица во Скопје има вооружени лица со автомати, отишла полиција која била нападната – Детали за ужасниот инцидент во кој се уапсени три лица

ДЕСК

МЕТЕОРОЛОЗИТЕ НАЈАВУВААТ НОВ ТОПЛОТЕН БРАН: “Здравство” излезе со вонредно соопштение за зголемени температури во следните неколку дена – да се почитуваат општите препораки за заштита на здравјето

ДЕСК

Итно процесуирано едно лице за предизвикување меѓуетничка омраза, МВР и ОЈО продолжуваат да постапуваат

ДЕСК