Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Во Велешко АХВ ќе спроведе симулациска вежба за болеста африканска чума кај свињите

Соопштение на АХВ:

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) во соработка со Организацијата за земјоделство и храна на Обединетите нации – (FAO), на 11 и 12.03.2025 година, ќе спроведе симулациска вежба за болеста африканска чума кај свињите. Теоретско практичниот дел од симулацискта вежба ќе се одржи на 11.03.2025 (вторник) во Велес, а теренскиот на 12.03.2025 година (среда), во с. Башино село.

Ја известуваме јавноста од општина Велес и локалното население во с. Башино село, дека не станува збор за реална ситуација и појава на болест, туку за активности на Агенцијата поврзани со симулациската вежба.

Целта на вежбата е да се утврдат добрите и слабите страни на одговор при евентуална појава на болеста африканска чума кај свињите, која е предмет на планови за итни мерки на АХВ. Преку вежбата, по однапред утврдено сценарио и доделување на улоги на учесниците, ќе се реализираат активности во случај на појава на болеста на африканска чума кај свињите. По спроведување на вежбата, ќе се направи евалуација на подготвеноста на Планот за итни мерки и ќе се утврдат добрите и лошите страни на одговорот при евентуална појава на болеста, кои можат да го згрозат здравјето и благосостојбата на животните.

На симулациската вежба ќе учествуваат претставници од АХВ, Ветеринарната комора на РСМ, Факултетот за ветеринарна медицина од Скопје, експерти од Европската унија, претставник oд Секторот за шумарство и ловство при Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, од здруженијата на одгледувачи на свињи и претставник од Ловечка федерација на Македонија.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Додека прават дефокус носат 10.000 „економски работници“

ДЕСК

Филипче: Мицкоски политиката ја сведе на таблоид, нема решенија за граѓаните – само дефокус

ДЕСК

Најмногу снег на Попова Шапка, утре со врнежи од дожд и снег претпладне , попладне облачноста ќе се намалува

ДЕСК