Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Костадиновски-Брејтвејт: Се зајакнува соработката меѓу Уставниот суд и AIRE центарот

Претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски оствари работна средба со Билјана Брeјтвејт, програмска директорка за владеење на правото на Западен Балкан при AIRE центарот (специјализирана организација која дава експертиза и практични совети за правните стандарди на ЕУ и Советот на Европа).

На средбата, претседателот Костадиновски ја запозна г-а Брејтвејт со неговите приоритети и со предизвиците со кои се соочува Судот.

И од двете страни беше искажан интерес за соработка во следниот период, со фокус на организирање на заеднички проекти поддржани од АIRE центарот.

Идната соработка ќе се темели на активности поврзани со два од приоритетите на претседателот Костадиновски, односно на принципот на јавноста и на механизмите за следење на извршување на одлуките.

Можеби ќе ве интересира

СИЛЕН ВЕТЕР НАД 80 КМ/Ч, ПА ДОЖД И ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО – Еве што ја очекува Македонија во следните денови

ДЕСК

Николоски од Охрид: Силна држава не значи само силна извршна власт, значи и силни и независни институции

ДЕСК

ДОМ: Македонија е на европското дно – Владата се фали со бројки, а платите на граѓаните траат до 10-ти!

ДЕСК