Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Државата ги засилува своите капацитети, показна вежба на специјалните единици за спасување од жичарница

Денеска во Скијачкиот центар Маврово во организација на Македонското здружение на спасители во скијалишта се одржа показна вежба со сценарио „Евакуација од жичарница“. Во рамки на показната вежба тимови од МВР од Специјалната антитерористичка единица – Тигар, Единицата за брзо распоредување и Баталјонот за специјални сили на армијата „Волци“ вршеа безбедна евакуација на жичарницата која прекинала да работи.

Во сценариото на вежбата жичарницата која вообичаено работи на електричен погон заради дефект прекинува да работи, не успева да профункционира ни дизел агрегатот кој треба да преземе и тогаш се повикуваат тимовите кои имаат такви специјалистички обуки, да извршат симултано и безбедно спуштање на патниците коишто се затечени на жичарницата.

Целта на вежбата е унапредување на капацитетите на државата за справување со вакви кризни ситуации, засилување на соработката меѓу различни институции се со цел заштита и безбедност на граѓаните во вакви ситуации.

Можеби ќе ве интересира

51 годишна скопјанка агресивно се однесувала кон полицајци, веднаш е приведена

ДЕСК

Објавил неколку коментари со омраза на социјална мрежа, полицијата му затропа на врата

ДЕСК

Полицијата фати дрвосечаци – заработија кривична пријава

ДЕСК