Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Божиновска на средба со јапонската амбасадорка Кавахара: Јакнење на соработката во енергетиката

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, оствари средба со амбасадорката на Јапонија во Македонија, Н.Е. Сецуко Кавахара. На средбата се разговараше за јакнење на билатералната соработка, со фокус на одржливата енергија, еколошките технологии и инфраструктурните проекти.

Јапонија е долгогодишен партнер на Македонија и значаен поддржувач на зелени иницијативи, модернизација на енергетскиот сектор и заштита на животната средина. Министерката Божиновска истакна дека искуството на Јапонија во развојот на чисти технологии и енергетска ефикасност е од особено значење за Македонија во нејзиниот процес на енергетска транзиција.

„Јапонија е земја која е синоним за иновации и одржлив развој. Визијата за чиста енергија и ефикасно користење на ресурсите е нешто кон што тежнееме и во Македонија. Верувам дека преку партнерство можеме да ги зајакнеме капацитетите во обновливите извори на енергија и да воведеме напредни технологии кои ќе ја направат нашата енергетска иднина поодржлива,“ истакна министерката Божиновска.

Амбасадорката Кавахара ја потврди посветеноста на Јапонија кон поддршката на проекти во Македонија кои имаат за цел енергетска ефикасност, заштита на животната средина и развој на технолошки решенија за подобра одржливост.

На средбата беше нагласена потребата од продлабочување на соработката преку нови заеднички иницијативи и програми кои ќе придонесат кон модернизација на енергетскиот сектор и создавање на почиста животна средина во Македонија.

Можеби ќе ве интересира

Блокадата на ССМ не ги принуди пратениците да дојдат пеш на работа, но Трендафилов вели дека нема да дозволи да наплатат трошоци како да трошат керозин

C +

СДСМ: Нема пари за минималната плата затоа што Владата планира авион за Мицкоски

C +

Мицкоски од Кисела Вода: Се доградува ООУ „Невена Георгиева – Дуња“, ги испорачуваме ветувањата дадени пред граѓаните

C +