Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со Сојуз на борци на НОАВМ и граѓани продолжувачи

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова прими претставници на Сојузот на борци на Народноослободителната и антифашистичката војна на Македонија – НОАВМ и граѓани продолжувачи: Лилјана Димовски, претседателка на Општинската организација на Сојузот на борци – Тетово, Наум Бурески и Елена Јованова-Груевска потпретседатели на Главниот одбор.

Повод за средбата беше најавата за промена на имињата на дел од улиците и именување на досега неименувани улици на територија на општина Тетово.

Како што истакнаа од Сојузот на борци, тие се против какво било преименување на улици коишто носат имиња на национални дејци од антифашистичкото минато на македонскиот народ и народностите, кои преку многувековните борби, ја загарантирале македонската државност.

Како потомок на учесник во Народноослободителната војна, претседателката Сиљановска-Давкова посочи дека не смееме да ја заборавиме историјата и дека почитувајќи ги личностите кои биле дел од антифашистичката борба, покажуваме дека сме биле и остануваме на страната на прогресот. Хероите коишто ни ја донеле слободата, истакна претседателката, не се измислени. Нивните имиња кажуваат, нивните имиња раскажуваа историска вистина. Тие се дел од нашето национално и културно наследство коешто мора докрај да го почитуваме, додаде таа.

На претставниците на Сојузот на борци им порача да бидат истрајни, бидејќи сите имаме одговорност кон историјата и истата треба да им ја оставиме на нашите деца.

Членовите на Советот немаат право да ја ревидираат историјата.

Можеби ќе ве интересира

СЛЕДУВААТ ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ И ГРМЕЖИ: Метеоцентар со детална прогноза која открива кога да очекуваме стабилизација и сончево време

ДЕСК

Нов ужас во Македонија: Ја грабнал од дворот и со ауди ја однел во напуштен објект каде ја тепал, па ја силувал додека била во бесознание

ДЕСК

Што значи дожд на Митровден: Каква година најавува овој ден?

ДЕСК

Нашиот веб сајт користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот. Прифати Прочитај повеќе

Privacy & Cookies Policy
error: Соддржината е заштитена.