Centar.mk
БИЗНИС

Поевтинуваат бензинот и дизелот – еве за колку

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се намалуваат за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 24.02.2025 година и со тоа, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 77,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 79,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 72,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 71,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се намалува за 1,226 ден/кг, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 24.02.2025 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 44,952 ден/кг.

Можеби ќе ве интересира

Се токмат нови цени на горивата – Можно е убаво изненадување

ДЕСК

Кога фрижидерот покажува повеќе од статистиката: Како навистина живее едно семејство

ДЕСК

Како да не ви „истече“ платата во првата недела: Пет навики што го празнат буџетот

ДЕСК