Centar.mk
Фото Влада
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски заминува на гости кај Орбан

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски и министрите ќе учествува на унгарско-македонскиот владин самит на 3-4 март 2025 година кој ќе се одржи во Република Унгарија.

Согласно агендата предвидени се тет-а-тет средба помеѓу претседателот на Владата, Христијан Мицкоски и претседателот на Владата на Унгарија, Виктор Орбан. Во рамки на владиниот самит предвидено е да се одржат и билатерални средби помеѓу ресорните министри на двете влади, по што ќе следи и заедничка владина седница помеѓу двете влади, соопшти прес службата на македонската влада.

Во рамки на посетата предвидено е министерот за надворешна политика и надворешна трговија Тимчо Муцунски и министерот за надворешна политика и трговија Петер Сијарто да потпишат Акциски план за размена на експертиза од страна на Унгарската дипломатска академија за јавни службеници на меѓусебно договорени теми за интеграција во ЕУ, процесите на администрацијата на Министерството за надворешни работи и надворешната трговска политика во Будимпешта.

Можеби ќе ве интересира

Цела недела променливо облачно време, за викендот невреме

C +

Уапсени 34 возачи, изминатите два дена 1.026 сообраќајни прекршоци

C +

Македонија шеста најсиромашна земја во Европа – Мицкоски раскажува бајки, вели СДСМ

ДЕСК