Centar.mk
БИЗНИС

Минимална плата од 30.750 денари? Ќе има ли? – Се ситнат часовите до моментот на одлуката

Веќе тече март, а со тоа и надежите за зголемување на минималната плата. Работниците веќе според Законот работат за повисока минимална плата, но нејасно е за колку таа ќе се зголеми.

Ако се земат пресметките според сегашниот закон, минималната плата би требало да се зголеми за 1800 до 2000 денари, односно да достигне нешто над 24.000 денари (речиси 400 евра), но синдикатите и некои од коморите излегоа со предлог минималната плата да биде и 30.750 денари (500 евра), а разликата за придонесите меѓу досегашните 22.500 и 30.750 денари да ја покрие државата, па дури и со опција персоналниот данок (10%) за таа разлика да си ја платат компаниите.

Незапирливиот раст на цените на прехранбените производи, струјата, горивата и другите енергенси, како и скапотијата на секое ниво во услужниот сектор ја крена и минималната кошничка за преживување на едно семејство на над 1000 евра.

Останува да видиме колку ќе скокне минималната плата и дали таа одлука ќе ги задоволи работниците кои заработуваат минималец.

Можеби ќе ве интересира

Исплатени се 335.963.096 денари кон 1.211 сточари

ДЕСК

НАЈВЕРОЈАТНО НЕМА 600 ЕВРА МИНИМАЛЕЦ, СИНДИКАТИТЕ СЕ ПОДГОТВУВААТ ЗА ИЗЛЕГУВАЊЕ НА УЛИЦА: Министерот за економија потврди дека платата ќе се усогласува согласно законот

ДЕСК

Халки картичка за деца – прва платежна картичка за деца на македонскиот пазар

ДЕСК