Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Костова: Скандалозно гостување на Кочоска на телевизија, таа продолжува со дискриминација

Потпретседателката на СДСМ, Кристина Косотова острој ја осуди арогантноста и непочитувањето на жените што повторно го демонстрира ВМРО-ДПМНЕ. Како што истакна таа, синоќешното интервју на Гордана Димитриеска-Кочоска на Сител беше јасен приказ на односот што оваа партија го има кон жените во нашето општество.

„Запрепастувачко, ама не и неочекувано ниво на ароганција од ДПМНЕ. Не само што одбиваат да се извинат, што би било човечки, тие одбиваат да го уважат постоењето на секоја жена која по некоја основа излегува од угнетувачките родови калапи на патријархатот. За ДПМНЕ, жената отсекогаш имала секундарна, неважна позиција. За ДПМНЕ, нема што жена да се осмелува да биде силна, гласна и да не подлежи на контрола“, порача Костова.

ВМРО-ДПМНЕ со години наназад го негира правото на жените на рамноправност и активно учество во јавниот и политичкиот живот. Овој став се рефлектира и преку молкот на нивните коалициони партнери, кои со своето премолчено одобрување стануваат соучесници во одржувањето на родовата дискриминација.

„За ДПМНЕ, право на постоење во јавност имаат само тие жени што ги се согласуваат да ги проповедаат овие тактики“, додаде Костова.

Гласниот молк на коалициските партнери на ВМРО-ДПМНЕ и самата партија по ова прашање, е лицемерие кое ќе кулминира кога за неколку дена кога истите тие ќе се дрзнат да честитаат 8 Март, додека вистинската борба за женските права останува нерешена.

„Оваа тема не се затвора затоа што тие така посакуваат. Темата се затвора со оставка. Оставка веднаш!“, порача Костова.

Можеби ќе ве интересира

ОКОЛУ 40.000 ЛУЃЕ ВО МАКЕДОНИЈА ИМААТ ДИЈАБЕТЕС БЕЗ ДА ЗНААТ – Алармантни податоци за Светскиот ден на дијабетесот

ДЕСК

СДСМ: Криминалната власт ги донесе криминалните измени на Законот за јавните набавки – за повеќе пари за дилови во четири очи

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: СДС е спотер а сватот на Али Ахмети акционер, стана јасно зошто Фатмир Бесими ја поднел точката на влада за деловни односи Алта Банка

ДЕСК