Centar.mk
МЕТЕОМАКЕДОНИЈА

УХМР со метео предупредување: Подгответе се за промена на времето попладнево и вечерва

Денес во попладневните часови и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд, наместа поројни со услови за појава на ретки грмежи. И утре ќе се задржи променливо облачно и релативно топло време со повремен локален дожд. Во недела на повеќе места ќе има врнежи од дожд, наместа пообилни (до 15 l/m2) и дневните температури ќе бидат пониски. Во текот на ноќта кон понеделник на планините и на некои повисоки места во западните и северните делови врнежите ќе бидат од повремен снег. Ќе дува умерен, долж Повардарието засилен северен ветер.

Од понеделник времето ќе биде стабилно со пониски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст.

Во Скопје денес кон крајот на денот, а особено во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд кои повремено ќе бидат поројни. Утре во делови од котлината ќе има услови за повремен дожд, а повремени врнежи ќе има и во недела и ќе дува умерен северен ветер.

Можеби ќе ве интересира

ДОЖДЛИВО ВРЕМЕ, НО И ТЕМПЕРАТУРИ ДО 25 СТЕПЕНИ – Синоптичарите објавија четиридневна прогноза

ДЕСК

Напад во Бутел: Му го попречиле патот, па физички го нападнале

ДЕСК

Драма во Скопје: Жена нападната откако одбила да даде пари

ДЕСК