Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Полицијата уапси три лица – организирале борби со кучиња

Како што соопшти полицијата во текот на вчерашниот ден во 16.00 часот во село Долно Палчиште, тетовско, полициски службеници од СВР Тетово лишиле од слобода три лица на возраст од 18, 50 и 43 години, постапувајќи по претходна пријава дека организирале борба со кучиња.

За настанот биле известени јавен обвинител и Агенцијата за храна и ветеринарство, кои излегле на местото и кои ги преземале кучињата за понатамошна постапка, наведуваат од полицијата.

Лицата биле задржани во полициска станица и по документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

ПЛАЌАТЕ ЗА УСЛУГА ПОКРИЕНА ОД ЗДРАВСТВЕНОТО ОСИГУРУВАЊЕ? – ФЗО ги засилува контролите за можни неправилности

ДЕСК

ПРАВОСУДНИОТ ИСПИТ ЌЕ ИМА ДВА РАЗЛИЧНИ ДЕЛА – Мицкоски го објасни предложеното решение за јазикот на полагање

ДЕСК

ОДЗЕМЕН ПРИСТАПОТ ДО СТУДЕНТСКИТЕ ДОСИЕЈА – Универзитетот во Штип презеде мерки по истрагата за електронскиот индекс

ДЕСК