Пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска во емисијата „24 Анализа“ на телевизија 24 истакна дека денеска во парламентот упати прашање, зошто пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не го поддржаа законот за намалување на патните трошоци, на кое не доби одговор.
Јас добив навреда, но не ја примив навредата, дали беше намерата да бидам навредена и омаловажена затоа што немам деца и немам семејство, апсолутно да. Реакциите кои следуваа на јавноста не само на СДСМ по ова е тоа што всушност го вознемири ВМРО-ДПМНЕ, затоа што видоа дека отиде работата предалеку, нагласи Петровска.
-„Наместо тоа мене вака ми се обрати министерката: „Не можам да кажам, почитувана“. Дали јас со нешто ја навредив. НЕ. „За да кажам почитувана мора да ја заслужите мојата почит“, НЕ. Во диктатура е така, во демократија е обратно, министрите се тие кои ја бараат почитта од пратениците, без разлика од која партија доаѓаат. „Врз основа на тоа што вие во уста ги ставате мајките што имаат деца и како знаете вие едно повеќечлено семејство колку треба да троши. Јас сум мајка на два сина“. – на што алудира ова ако не на потценување и обид да ме дискредитира, да ме дискриминира заради тоа што јас немам деца. Тоа е моја лична состојба, мојот личен статус и тоа дали сум сама, дали имам семејство или имам деца е мое лично прашање. Зошто е тоа така знам јас и судбината. Јас жалам што еве веќе 15-тина минути дискутираме за нешто што денеска се случи во парламентот, истакна пратеничката на СДСМ, Славјанка Петровска.
Да бевме нормална држава, во којашто постоеше одговорност и во којашто се знаеше редот, кој поставува прашања во парламентот и кој кого повикува на одговорност јас очекував дека досега ќе имавме оставка од министерката, порача пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска во емисијата „24 Анализа“.
- Убава вест за скенирачите на фискални: Познато е кога ќе тргне исплатата на повратот на данок преку Мој ДДВ
- Пензионерите ќе се офајдат со нови 1000 денари линеарно покачување, но дури во март 2026 – социјалните трансфери во буџетот најголема ставка
- Две странски компании ја напуштаат Македонија – имаат сериозна бројка на вработени
- Следното покачување на минималната плата повторно во фокус: Работниците чекаат корекција, а ќе ја добијат дури во март 2026-та додека трошоците галопирачки растат
- Важна информација од МВР до сите граѓани: Доколку добиете ваква порака ВНИМАВАЈТЕ!


