Centar.mk
фото: Кабинет на Вицепремиерот на Северна Македонија задолжен за политики на добро владеење
МАКЕДОНИЈА

Фетаи: Предаваше пред студентите на мастер студии по политички науки на Université libre de Bruxelles (ULB)

Вицепремиерот на Северна Македонија задолжен за политики на добро владеење, Арбен Фетаи, вчера одржа предавање на Université libre de Bruxelles (ULB), на Факултетот за политички науки, на тема „Патот на Северна Македонија кон Европската унија“.

За време на предавањето, тој имаше можност да дискутира со студентите на мастер студии по политички науки, кои поставија многу интересни прашања и отворија една богата дебата за предизвиците и перспективите на европската интеграција на Северна Македонија и Западен Балкан.

Факултетот за политички науки на УЛБ е втор најдобар во франкофонскиот свет и меѓу најдобрите во Европа, факт кој се одрази и во квалитетот на анализите и високото ниво на дискусиите на студентите.

Вицепремиерот Фетаи ги изрази своите благодарности кон професорот Jean-Michel De Waele за поканата и за можноста да ја сподели визијата на владата за европската иднина на Северна Македонија. „Такви дебати се од исклучителна важност за да на идните генерации, кои ќе носат одлуки, да им се појасни повеќе за регионот и нашата земја, зголемувајќи ја поддршката за проширувањето на ЕУ – напор кој треба да го интензивираме уште повеќе“, истакна Фетаи.

Можеби ќе ве интересира

ПОЛИЦИЈАТА НЕМИЛОСРДНА НА ТЕРЕН: Шест лица лишени од слобода на повеќе локации низ Скопје

ДЕСК

УШТЕ ЕДНА АРАМИСКА РАБОТА ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ СРЕДЕ БЕЛ ДЕН: Двајца мажи го нападнале, трето лице – жена му ги зело парите

ДЕСК

ЗЛОДЕЛО СРЕДЕ БЕЛ ДЕН ВО ЦЕНТАР: Две лица физички нападнале пензионерка и ѝ ги зеле парите

ДЕСК