Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Спасовски: Борис Трајковски останува незаборавен и по 21 година како симбол на вистинско лидерство

Фејсбук статус на Оливер Спасовски:

Борис Трајковски останува незаборавен и по 21 година како симбол на вистинско лидерство, што го негуваше и промовираше во еден исклучително тежок период. Во сите свои дејства, тој ги поддржуваше соработката и помирувањето, за што беше признат од народот, политичарите и дипломатите, домашните и странските лидери.

Тој беше доблесен државник, кој во време на важни транзициски процеси, кога земјата се соочуваше со тешки одлуки, успеа да го одржи мирот, да ги зацврсти меѓуетничките односи и да се посвети на демократските вредности и евроатлантската ориентација.

Неговата визија за иднината на Македонија останува пример за вистинско лидерство.

Нека му е вечна слава!

Можеби ќе ве интересира

На денот кога Кошта го потврди СДСМ – Мицкоски го апси Богоев, вели СДСМ

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: Реципроцитет и исполнување на обврските на Бугарија а не нови отстапки, услови и национални понижувања како што нуди СДС и Филипче

ДЕСК

Пред невреме проверете го ова: Кров, олуци, автомобили, дворови и електрични уреди

ДЕСК