Centar.mk
фото Centar.mk
БИЗНИС

Мартовската пензија треба да порасне за 2.500 денари, законските измени пратени во Собрание

Мартовската пензија најверојатно ќе порасне за нови 2.500 денари, со што ќе се комплетира најавата на лидерот на ВМРО ДПМНЕ од минатите избори за 5.000 денари покачување на пензиите по линеарен модел.

Да потсетиме дека и минатиот септември пензијата се покачи за истата сума.

Законските измени веќе се пратени во Собрание и наскоро ќе бидат изгласани.

А од следниот септември најверојатно пензиите ќе се зголемуваат системски, како што и беше претходно.

Системскиот модел кој го донесе претходната влада предвидуваше раст на пензиите два пати годишно, и тоа во март и септември секоја година, а зголемувањето се врши согласно разни параметри како инфлација, трошоци на живот и тн.

Можеби ќе ве интересира

„Самсунг“ („Samsung“) го унапредува Galaxy AI и поврзаниот екосистем на Светскиот конгрес за Мобилни технологии 2026

ДЕСК

Пензионерите од следниот месец ќе се “офајдат” со нови илјада денари покачување – Дали е тоа доволно да се турне месецот?

ДЕСК

Минималната плата ќе скокне за 1667 денари, сега ќе биде 26.046

ДЕСК