Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Филипче: Извештајот на Хридом Хаус е доказ дека со ВМРО-ДПМНЕ паѓа слободата на говорот

Последниот извештај на „Фридом хаус“ покажува дека Македонија и годинава останува делумно слободна земја, а тоа претседателот на СДСМ Венко Филипче го оценува како загрижувачки. Рангирањето на „Фридом хаус“ е врз основа на два критериуми политички права и граѓански слободи и годинава Македонија го зазема 67 место споредбено со 2021 година кога Република Македонија беше единствената земја со демократски напредок во Западен Балкан односно со втор најдобар резултат во Европа.

„Во однос на извештајот на Фридом Хаус постојат параметри коишто тоа го мерат. Загрижувачки е тој пад. Сметам дека слободата на говорот е нешто што како симбол на демократско општество и нешто што беше и симбол и ја означуваше борбата на граѓаните се бореа против ограничувањето на слободата на говорот, против окупацијата институции, против супримирањето на демократијата и демократските процеси во нашата земја за време на претходното владеење на ВМРО-ДПМНЕ“, рече Филипче на денешната прес конференција.

Можеби ќе ве интересира

СИЛЕН ВЕТЕР НАД 80 КМ/Ч, ПА ДОЖД И ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО – Еве што ја очекува Македонија во следните денови

ДЕСК

Николоски од Охрид: Силна држава не значи само силна извршна власт, значи и силни и независни институции

ДЕСК

ДОМ: Македонија е на европското дно – Владата се фали со бројки, а платите на граѓаните траат до 10-ти!

ДЕСК