Centar.mk
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Путин: Зеленски избегнува мировни преговори

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека украинскиот претседател Володимир Зеленски избегнува мировни преговори.

– Факт е дека Зеленски избегнува преговори за мирно решавање на конфликтот во Украина и се поставува прашањето зошто. Затоа што ако овие преговори почнeа, порано или подоцна, тоа ќе доведе до укинување на воената состојба. Штом тоа се случи, тој ќе мора веднаш да излезе на гласање“, рече Путин во обраќањето на ТВ каналот „Русија 1“.

Според него, тогаш веќе нема да има никаква причина, изборите во Украина да не се одржат.

„Во Украина сега нема избори токму затоа што не се одржуваат под изговор на воена состојба“, посочи рускиот претседател./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Трамп: Орбан никогаш нема да го изневери големиот унгарски народ, јас сум со него до крај

C +

Шефот на „Шел“ предупредува: Европа може да остане без гориво за неколку дена

C +

Историска пресуда во САД: „Мета е одговорна за штетата предизвикана врз децата“

C +