Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Зголемени утринските температури во државата, најстудено било во Крушево и Пожаране

Најстудено утрово било во Крушево и Пожаране каде што се измерени -2 степени, -1 било во Берово и Попова Шапка, 0 во Виница, Тетово и Крива Паланка, 1 во Струмица, Штип, Маврови Анови, Прилеп и Кавадарци, 2 во Скопје-Зајчев Рид и Велес, 3 во Гевгелија, Крушево, Скопје-Петровец, Демир Капија, Скопје-Петровец и Претор, 5 во Охрид.

Висината на снежната покривка утрово во седум часот изнсувала 31 сантиметар на Попова Шапка и 8 во Маврови Анови.

Времето денеска

Умерено до значително облачно со услови за слаб дожд, на планините и на повисоките места слаб снег, претежно во крајните источни и западни делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 3 до 9 степени.

Во Скопје претежно облачно, со услови за слаб краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 7 степени./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА НЕВРЕМЕ СО СИЛЕН ВЕТЕР, ПОРОЕН ДОЖД И СНЕГ НА ПОВИСОКИТЕ МЕСТА: Синоптичарите излегоа со повеќедневна прогноза

ДЕСК

Лишени од слобода седум лица, сузбиена организирана криминална група инволвирана во недозволена трговија со дрога

ДЕСК

Синоптичарите излегоа со прогноза – Какво време да очекуваме денеска?

ДЕСК