Centar.mk
МЕТЕОМАКЕДОНИЈА

Следува промена на времето – Метеоцентар со детална прогноза

Следува период на променливо облачно време со услови за појава на утринска магла и ниска облачност. Врнежи од дожд ќе има во четврток, а пообилни врнежи ќе има за време на викендот. Од утре дневната температура во повеќето места ќе биде за 3 до 5 степени повисока.

Прогноза за 26.02.2025
Минимална температура: -2°C до 5°C
Максимална температура: 5°C до 12°C

Променливо облачно со сончеви периоди. Наутро по одделни котлини со појава на магла и ниска облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Прогноза за 27.02.2025
Минимална температура: 0°C до 6°C
Максимална температура: 7°C до 12°C

Претежно облачно, по одделни котлини со појава на магла и ниска облачност. Во текот на денот ќе има услови за повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Прогноза за 28.02.2025
Минимална температура: 1°C до 5°C
Максимална температура: 6°C до 15°C

Претежно облачно, по котлините со појава на магла и ниска облачност. Во текот на денот особено на југоистокот ќе има услови за повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Можеби ќе ве интересира

АЛАРМ ЗА ВРЕМЕТО: Четврток носи пообилни врнежи и грмежи – објавена е четиридневна прогноза

ДЕСК

Ова е најновата вчерашна објава на Никола Груевски на социјалните мрежи, после тоа го нема

ДЕСК

ЗЕМЈОТРЕС ОД БУДИМПЕШТА: Идниот премиер најави дека ќе го испорача Никола Груевски во Македонија!

ДЕСК