Centar.mk
фото Centar.mk
БИЗНИС

УЈП со важна вест до бизнисите

Управата за јавни приходи ги повикува сите даночни обврзници да ги достават потребните документи до своите сметководители и навремено да ги поднесат ДДВ-04 пријавите за изминатиот даночен период. Крајниот рок за поднесување на ДДВ-04 пријавата е 25-ти февруари (вторник).

До вчера до крај на работниот ден од очекуваните 7.396 ДДВ пријави, поднесени се 1.862 што претставува 25% од вкупниот број на ДДВ – 04 пријави за овој даночен период. Ова покажува дека значителен број на обврзници сè уште не ја исполниле својата законска обврска, односно остануваат да се поднесат уште 5.534 ДДВ – 04 пријави.

Управата за јавни приходи апелира до сите даночни обврзници да ги исполнат своите законски обврски навремено, за да избегнат стрес, казни и дополнителни финансиски трошоци. Навременото поднесување на ДДВ-04 пријавата е од исклучителна важност за правилното усогласување со даночните прописи, одржување на финансиската стабилност на бизнисите и за развојот на економијата.

Управата за јавни приходи и нејзините тимови во секое време стојат на располагање за да обезбедат информации со цел успешно исполнување на даночните обврски од страна на даночните обврзници.

Можеби ќе ве интересира

Поскапување: РКЕ донесе одлука за корекција на цените на горивата

ДЕСК

ОБЈАВЕНА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА ДОЛЖНИЦИ: Граѓаните и фирмите должат за данок над 12 милијарди денари

ДЕСК

РКЕ пред одлука – Нови цени на горивата

ДЕСК