Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Му се слошило додека возел и починал – трагедија во Македонија

На 21.02.2025 во 10.52 часот во Полициската станица Радовиш било пријавено дека на ул.„8 Септември“ во Радовиш, додека управувал патничко возило „сузуки“ со радовишки регистарски ознаки, на С.Ѓ.(70) од село Воиславци, радовишко, му се слошило и починал, по што со возилото излетало од коловозот и удрило во столб и паркирано патничко возило „форд“.

Лекар од Итна медицинска помош Радовиш констатирал смрт кај возачот, која настанала како последица на срцев удар. Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Радовиш.

Можеби ќе ве интересира

Голема акција на полицијата: Фатени 70 моторџии и возачи на тротинети

ДЕСК

Обид за убиство во Шишево: Побаран притвор за две лица

ДЕСК

АЛКОХОЛ СЛУЖЕН НА МАЛОЛЕТНИЦИ: Полицијата приведе две лица по контрола во угостителски објект

ДЕСК