Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Уште една кумановка измамена за 2000 евра откако добила телефонски повик

Како што соопшти полицијата во четвртокот во 16.30 часот во СВР Куманово, 78 – годишна жена од Куманово пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 2.000 евра.

Според пријавеното, лицето ѝ се јавило на телефон и претставувајќи се како полициски службеник ја известило дека нејзините син и снаа предизвикале сообраќајна несреќа во која прегазиле малолетно дете и ќе треба да плати одредена сума на пари за да не ги гонат кривично. Како што е пријавено, таа ги оставила парите на договореното место, но подоцна сфатила дека била измамена.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Можеби ќе ве интересира

За осум часа денеска санкционирани 116 мотоциклисти во Скопје, одземени три мотоцикли

ДЕСК

Четврток носи најголема опасност: Невреме со пороен дожд, силен ветер и можен град

ДЕСК

Од Стајковци до болница: Напад со тврд предмет прераснал во пресметка меѓу две групи

ДЕСК