Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

КАРИЛ се подготвува за реновирање – изготвен план за упатување на пациентите

Министерот за здравство, д-р Арбен Таравари денеска ја посети УК за ТОАРИЛУЦ и оствари средба со директорката д-р Марија Срцева Јовановски по повод подготвителните активности, кои се во завршна фаза за отпочнување на темелна реконструкција на просториите на КАРИЛ, која се реализира за првпат.

Заради внимателно и безбедно пристапување кон реконструкција на КАРИЛ, информираме дека оваа установа во наредниот период ќе функционира со намален капацитет, за што се известени сите јавни здравствени установи во државата. Дел од пациентите ќе преземат ГОБ „8 Септември“, Хируршката клиника „Св. Наум Охридски“ и Клиниката за неврохирургија, согласно изготвениот интерклинички план, во соработка со Министерството за здравство. Согласно планот, овие јавни здравствени установи ќе преземат точно утврден број пациенти, со заеднички договор со јавните здравствени установи. Оваа капитална инвестиција е од национален интерес и првпат од основањето на клинички центар се пристапува кон темелна реконструкција на КАРИЛ.

фото Министерство за здравство

Можеби ќе ве интересира

Времето драстично се менува: Утрински мразеви и слаб дожд во најава

ДЕСК

Уставниот суд го поништи Законот за изменување на Законот за платите на судиите донесен во февруари 2026 година во Собранието

ДЕСК

Драма во Куманово: Малолетник уапсен по инцидент со пиштол и нож

ДЕСК